Мик добивал совети и од татко му

Мик Шумахер откри дека добил неколку совети од својот славен татко додека се пробивал низ јуниорските серии во моторспортот.

Речиси сигурно е дека американски Хаас многу скоро ќе објават дека 21-годишниот Шумахер ќе биде нивни редовен возач за следната тркачка сезона.

Во моментов Мик води пред Калум Илот и Јуки Тсунода во Формула 1 тркачката серија на два тркачки викенди односно четири трки пред крајот на сезоната.

секако дека сум искористил неколку совети кој и ги има дадено татко ми, некои дури и од деновите додека возев во картинг.

во исто време, сите сме различни и имаме различни искуства од јуниорските класи, а денешнте болиди се многу поразлични од оние порано.

имаме формула 2 болиди кои тежат 780 килограми, додека во времето на татко ми беа по 500 килограми, но секако дека не е се различно, има и сличности – вели мик.

Младиот возач е пред следење на стапките на татко си преку влез во Формула 1 и вели дека дури сега почнува да сфаќа што се Михаел има постигнато.

тоа што тој го има постигнато и направено е неверојатно, а тоа се повеќе го сфаќам секој ден. во годината откако јас се родив, тој стигна до својата прва од 5те титули кои ги освои по ред, што е неверојатно.

искрено, јас никогаш не сум го гледал него како најдобар возач на светот затоа што тој најпрво и пред се за мене беше татко.

Запрашан дали е тој “следниот Шумахер“ во низата, младиот германец одговори:

да бидам искрен јас не чувствувам никаков притисок поради презимето. најголем притисок си правам сам на себе.

Доколку се појави на гридот догодина, од него се очекува истиот мирен пристап кој го користи низ јуниорските категории.

се се учи. ако имате време, не брзата и ги анализирате деталите, тогаш правилно ќе ги научите работите и подобро ќе биде за вас на добар рок. времето кое ви е на рапсолагање за да не брзате е непроценливо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ