Мик објасни што научил од татко му

Мик Шумахер објасни зошто го чува својот живот надвор од социјалните медиуми. 

Според него, тоа е најважната лекција која ја научил од татко му, а тоа е да се чува приватноста. 

Приватниот живот ми е најважен и му е најважен на татко ми и тоа е тоа што го научивме од него. Секако нешто треба да се споделува од време на време, На пример го споделив моето куче – вели германскиот резервист на мерцедес.

Во истото интервју, тој призна дека очекува да се врати на гридот наредната година кога се очекува да има доста слобдни места меѓу кои тие на Јуки Тсунода и Логан Сарџент бидејќи им истекуваат договорите. И Хамилтон е на листата на договори кои истекуваат и тој е фрустриран од конкурентноста на тимот која сеуште не покажува знаци на поправање. 

Хамилтон сеуште не донел одлука за иднината, дали ќе замине во друг тим или ќе му ослободи место на Шумахер, но германецот за сега ужива во улогата на резервен возач во тимот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ