Мик објаснува зошто останал во болидот по тешкиот судар

Мик Шумахер вели дека не излегол од својот болид порано откако удрил во Џеда бидејќи знаел дека други болиди ќе бидат во тој дел од уличната патека.

23-годишникот беше вклучен во застрашувачки брз судар за време на квалификациите за Големата награда на Саудиска Арабија, губејќи контрола над болидот и удри во бетонскиот ѕид без бариера. Сесијата брзо беше означена со црвено знаме, додека камерите избегнуваа да ја емитуваат сцената додека чекаа вести за состојбата на Шумахер. За среќа, по пристигнувањето на медицинскиот персонал, Шумахер успеал да излезе од болидот и му помогнале да влезе во амбулантното возило. 

Загриженоста порасна за Шумахер бидејќи тој продолжи да седи во болидот, но германскиот тркач сега откри зошто го направил тоа.

На почетокот не сакав да излезам бидејќи знаев дека ќе има уште неколку болиди зад мене. Споради тоа, само проверив дали се е во ред – откри мик.

Освен што остана во болидот, Шумахер исто така не зборуваше на тимското радио, што дополнително ја зголеми загриженоста. Тој објасни дека сакал да го стори тоа, но радиото не работело, па се сомнева дека мора да е направена штета на системот и на тој начин ја прекинала врската.

Веројатно нешто беше прекинато. Навистина сакав да кажам дека сум добро.

Многу малку од болидот на Шумахер остана во еден дел по сударот и тоа беше значаен знак за ударот бидејќи задниот дел на болидот на Хаас падна додека кранот се обиде да го отстрани од патеката. Сепак, клучно е што ќелијата за преживување ја заврши својата работа, доказ за безбедноста на модерните Формула 1 болиди.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ