Мик откри што научил од борбите против конкурентите

По тешката минат дебитантска сезона во Хаас, Мик Шумахер е далеку посилен годинава, ги освои своите први поени, а имаше и дуели со многу посилни возачи како Верстапен и Хамилтон.

За време на Австриското Гранд При, на спринтот и главната трка Шумахер се тркаше со седумкратниот првак Хамилтон, а првиот поен на Британското Гранд При го освои напаѓајќи го Верстапен пред себе,

дуелите со силни возачи ми помагаат да научам како да е тркам. не знам уште колку ќе се тркаат тие, макс сигурно ќе се трка уште доста години и секако дека ја ценам борбата со него, тоа е одлично искуство и се надевам дека ќе имам многу повеќе такви борби во иднина – посочи младиот мик.

Додека се трка, тој воопшто не размислува против кого се трка, туку само гледа да најде начин да мине или да се одбрани.

искрено додека се тркам, не размислувам проти кого возам, тоа е само уште еден возач за мене. нема разлика вуквално никаква. ако се многу брзи, ако е болид на ферари или ред бул, многу ми е тешко да ги стигнам и да дојдам во позиција да се борам, така што нема смисла да ризикувам уништување на гумите.

Откако го освои Формула 2 насловот во 2020 година, Мик дојде во Формула 1, но не успеваше да се трка со никој освен својот тогашен колега затоа што имаше некокнкурентен болид.

тркањето на патека е нешто што секогаш обожавам да го правам и имав многу такви шанси во моите јуниорски денови. убаво е што годинава повторно можам да се носам со конкурентите.

Во однос на разликите во тркањето помеѓу Формула 1 и јуниорскит екатегории, Шумахер додаде:

тркањето е многу поразлично одошто на пример во формула 2. имате многу повеќе алатки со кои може да си играте, многу опвеќе работи да менувате додека се тркате и ако не реагирате на време, може да загубите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ