Мик подготвен за тестирање и покрај тоа што Хаас немаат симулатор

Мик Шумахер е подготвен своето прво возење на новиот болид на Хаас да го има на патеката крај Барселона, прескокнувајќи го вообичаениот симулатор кој Хаас го нема.

Американците почнаа да работат на овогодинешниот болид уште од почетокот на минатата сезона, не развивајќи го ланскиот болид, тие немаат симулатор во својата фабрика, така што првото возење на двајцта возачи ќе биде реално и на патеката. Германецот претходно изјави дека е возбуден и задоволен што ќе може да има удел во развојот и насоката во која ќе се движи новиот болид.

ќе биде целосно нов пакет и поради тоа нетрпелив сум. во моментов немам можност да го пробам болидот затоа што ние немаме симулатор, но треба да имаме следнага година, а првото возење во 2022 година ќе биде на патеката крај барселона – најави мик.

Овогодинешните болиди под целосно новата техничка регулатива се создадени со цел да се намалат разликите помеѓу екипите, да се донесе полесно следење и повеќе претекнување помеѓу болидит. Но и покрај оптимизмот кој владее, Шумахер смета дека поголемит екипи ќе се одвојат од почетокот на сезоната.

се надеваме дека сите ќе бидат поблиску едни до други и ќе може често да се тркаат, а можеби тоа ќе биде и вистина на почетокот од сезоната. но, на крајот, сметам дека вообичаено најсилните екипи повторно ќе направат предност, а прашање е колкава.

Развојот на болидот американците го почнаа многу рано и ризикуваа цела сезона само за да се насоча на целосно новите радикални првила сезонава. Надежта е дека тие драстично ќе се подобрат и ќе напрадуваат годинава, а Мик не е во состјба да каже колку поради тоа што нема репер за споредба.

големо прашање е колку раното насочување кон 2022 година ќе ни донесе, затоа што знаеме дека и останатите одамна работат на новите болиди. не знаеме кој до каде е, мораме да почекаме и да видиме. се надевам дека ќе имаме нешто конкретно како придобивка од тоа што рано почнавме со развој.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ