Мик Шумахер за рекордите на татко му

Лидерот во Формула 2 поредокот, германецот Мик Шумахер, откри дека неговиот татко секогаш му велел дека рекордите се поставуваат за да се подобруваат, во пресрет на трката на која Луис Хамилтон има шанса д стигне до рекордните 91 победа на Михаел.

По трансферот во Мерцедес во 2013 година, Хамилтон е незадржлив во сребрениот болид и победи дури 69 пати за “сребрените“ откако претходно имаше и 21 победа за Мекларен. Со победа викендов тој ќе дојде до рекордните 91 триумфи на рвениот барон, рекорд кој ретко кој веруваше дека може да биде подобрен.

Луис веќе е најуспешен возач по бројот на освоени пол позиции и подиум пласмани, така што по победите, ќе цели да се изедначи со 7те шампионски титули на Михаел, а потоа, секако, и да го мине на таа листа.

Запрашан како тој и неговото семејство се чувствува во пресрет на подобрување на еден од најневеројатните рекорди на татко му, Мик изјави:

една реченица која татко ми секогаш ми ја кажуваше е дека рекордите се поставуваат за да бидат подобрувани и мислам дека тоа е цел на сите во спортот.

луис има многу, многу добра серија, постојан е и не греши. велат дека рекордите се поставуваат за да се подобруваат, така беше и кога татко ми се тркаше.

јасно е дека ова е одлично за спортот, луис е влијателна личност во формула 1. секако дека следна моја цел ќе биде да влезам во формула 1 и да се обидам да го подобрам тој негов рекорд – оптимист е мик.

Мик откри дека некоклу пати се сретнал со Луис, но немал шанса да разговара со него скоро поради дисанцирањето и правилата кои важат во Формула 1.

луис дојде во мерцедес откако татко ми замина, неколку пати бев на патеката и зборував со него неколку пати, но секако не пречесто и не премногу затоа што тој човек има многу работа.

и јас имам многу работа, а со ковид мерките навистина е тешко дури и да разговараме еден со друг. фокусиран сум на себе во моментов, исто како што е и луис.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ