Мик Шумахер посакувал Ф1 деби следната година

Мик Шумахер признава дека ќе било добро доколку дебитирал во Формула 1 наредната година. Германецот оваа сезона ќе ја заврши на 12та позиција во јуниорската Формула 2 тркачка серија.

Мило ми е што продолжувам со истиот тим. Секако премин во Формула 1 ќе беше добро, Но мислам дека со уште една година ќе имам повеќе искуство и ќе ги пробам порано новите гуми кои ќе се користат во Формула 2 една година порано – смета мик.

Во 2021 година Формула 1 преминува кон новите поголеми гуми, а следната година истите ќе се возат во Формула 2.

Повеќе искуство е позитивно за мене. Новите гуми се голем предизвик и можам да замислам дека ќе биде различно да се вози со нив.

Моја цел е да бидам што е можно подобар. Мислам дека ќе биде полесно за мене наредната година бидејќи го знам болидот и патеките.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ