Минарди горд на Торо Росо

Основачот на тимот кој во моментов е познат како Торо Росо, Џанкарло Минарди, е импресиониран со перформансите и напредокот на неговата поранешна екипа.

72-годишниот Џанкарло е роден во Фаенца, а со својот Минарди почна да се трка во Формула 2 во 1980 година. Во 2000 година тој ја продаде екипата на Пол Стодарт, а Ред Бул ја превземаа и ја претворија во свој јуниорски тим во 2006 година. Од следната година екипата ќе го промени името во Алфа Таури откако годинава завршија на одличното 6то место зад Мекларен и фабричкиот Рено.

енормно пораснаа и напредуваа по макс верстапен кој мислам дека го почна тој напредок. решија да ги подобрат своите резултати од 2018 година и успејаа со отклонување на своите слабости и на тој начин стигнаа до одлично 6то место во шампионатот. сега имаат шанса да го следат сестринскиот ред бул во однос на развојот – изјави минарди за италијански Autosprint.

Во своето интервју Џанкарло потенцираше дека сеуште е во контакт со луѓе од фабриката во Фаенца.

возачите особено добро се покажаа сезонава. даниил квјат беше одличен, но особено добар беше пјер гасли затоа што работеше со наведната глава кога ментално беше скршен откако го загуби местото во ред бул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ