Минатонеделната трка била втора најгледана во САД

Формула 1 откри дека минатонеделното Американско Гранд При на кое победи Макс Верстапен било втора најгледана трка одржана во САД.

Трката ја покажа популарноста на Формула 1 во Америка привлекувајќи 400.000 фанови на Патеката на Америките, а одлични биле и телевизиските рејтинзи со просечно 1,2 милиони гледачи на ЕСПН. Тоа ја прави најгледана трка на таа телевизија од 2018 година откако ЕСПН ги превзема праватан.

Единствено Американското Гранд При во 2007 година на кое победи Луис Хамилтон на легендарниот Индијанаполис привлекло повеќе гледачи. Но, трката е најгледана сезонава во САД пред Француското Гранд При кое привлекло 1,1 милиони гледачи и Британското Гранд При со 1 милион гледачи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ