Минута молк во Ф1 за Хуберт

Формула 1 и Формула 3 ќе одржат по една минута молк во чест на загинатиот возач Антоан Хуберт пред почетокот на соодветните трки во Белгија.

Тој загина по страшниот судар на вчерашната Формула 2 трка на Спа, а денешната Формула 2 трка беше откажана.

Повеќето тимови во Ф3 имаа налепници во чест на Хуберт. Џејк Хјуз кој е еден од колегите на Хуберт кога тој ја освои ГП3 титулата имаше повеќе посвети на неговиот болид.

Во Ф3 минутата молк ќе биде во 10:50 часот по локално време а во Формула 1 таа ќе биде во 14:53 часот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ