Михаел Шумахер – највлијателната личност во историјата на Ф1

Пред десетина дена Формула 1 започна анкета да ја открие највлијателната личност во историјата на Формула 1.

Состав од експерти предложи 32 имиња од личности кои имале големо влијаени во спортот во неговата 70 годишна историја.

Анкетата започна со 8 имиња во секоја од четирите категории на возачи, тимски шефови, технички иноватори и тие кои ја промениле “играта“, а по серија од рунди фановите гласаа при начин на дуели, со што на крајот листата се намали на само 2 имиња: Берни Еклстон и Михаел Шумахер.

Едниот, најнаградениот возач во историјата на спортот, другиот, човекот кој ја трансформираше Формула 1 од обична тркачка серија во мулти-милијардерско првенство. На годишнината од првата трка во Формула 1, Михаел Шумхаер е победник според гласовите, со 61 процент против 39 проценти за Еклстон.

Интересно, конечниот резултат е втора јасна победа за Шумахер во целата анкета, додека неговата споредба со Ники Лауда и Аиртон Сена беше многу поблиска според гласовите. 

Присуството на Михаел Шумахер многу повеќе од само рекордите на возачот. Неговата моќ и влијание покажаа многу повеќе од тоа. Тој беше желен и способен да го користи своето присуство како водач на неговата судбина. Тој се постави себе како повеќе од вработен и тоа го доведе не само да ја прифати понудата од Ферари по двете титули во Бенетон, но и при негови услови, доведувајќи ги со себе архитектите на успехот позади Бенетон, како Рос Браун и Рори Брн.

Вербата на Жан Тод во визијата на Шумахер околу тоа како треба да изгледа иднината на Ферари и како треба да функционира тимот е тоа што ја трансформираше Скудерија од гламурозни, но несекојдневни успеси до најдобриот тим во Формула 1.

Дури и како двократен шампион, да се има такво ниво на самодоверба и силен карактер кој ќе го диктира Ферари на 26 годишна возраст, беше неверојатно. Најуспешниот тим во спортот се предаде на желбите на возачот кој го сметаа за нивен спасител, а историјата покажува дека ја донесоа правилната одлука. Ниту еден друг возач не успеал во истото и тоа беше повеќе од само неговите возачки способности. Беше основано на целосниот пакет.

Начинот на кој го претвори тимот откако пристигна во Маранело беше спротивен од диктаторски. Како и во Бенетон, тој оформи блиска и лична соработка со вработените, учејќи ги нивните имиња, прашувајќи ги за нивните семејства, паметејќи ги нивните родендени.

За возврат, тие му дадоа се, како што и тој даде се во болидот и надвор од истиот. Неговата работна карактеристика и посветеност кон физичката подготвеност ја однесоа “играта“ на ново ниво. Неговата интелегентност се простираше ширум повеќе од разбирањето на личната и организациската динамика на успехот. Тој навлезе во уште повеќе детали околу возење на болидот и работата со тркачкиот инженер.

Тој беше обожаван од неговиот круг, често мразен од ривалите. Тоа беше поради неговиот “за мене или против мене“ менталитет.

Патентираното пресекување на стартот кон секој кој би можел да го претекне беше негов одговор на правилото за единечно менување на линијата. Таквото однесување беше неизбежно за спортот и за фановите. Ја зголеми тензијата помеѓу тимовите. Често доведуваше до сомневање дали неговиот болид е секогаш легален.

Околу него секогаш имаше драма и тоа беше возбудливо. Но да не го заборавиме дека брилијатниот возач во суштината на неговиот карактер. Многу малку луѓе успеаја да се искачат на тие височини, како тој во многубројни случаи, од трката во Барселона во 1996 година до Кина во 2006.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ