Може ли сезоната да почне на Зандворт во Мај ?

Глобалната епидемија на корона вирус се заканува да направи хаос од претсојната Формула 1 тркачка сезона. Кина веќе ја откажа трката во Шангај, а под знак прашалник стануваат и Австралија, Бахреин и Виетнам, првите трки од календарот.

Чејс Кери, првиот човек на спортот најави дека сезоната почнува вообичаено, секако без Кина, но во Барселона се појавија проблеми и кај персоналот на Ферари и Алфа Таури поради појавата на корона вирусот во Италија.

многу наши инженери не дојдоа во барселона како мерка на претпазливост и поради тоа дефинитивно сме загрижени. претпазливи сме за да работиме согласно правилата – објасни матиа биното.

Многу состаноци се одржуваат во Каталонската престолнина, а предмет на секој од нив е како да се дојде до предвиденото место на одржување на трките под закана од вирусот. Виетнам ја заврши патеката, но не примаат луѓе од Италија и Јапонија од каде треба да пристигне персоналот на Ферари, Алфа Таури и Хонда.

ако ситуацијата во март се искомплицира ќе мораме да го откажеме настанот. не сме 100% сигурни дека настанот ќе се одржи – изјавуваат од виетнамската престолнина.

Рестрикции на патување воведе и Бахреин, местото на одржување на втората трка од сезоната на 22 Март. Некои весници одат до таму што предвидуваат дека сезоната ќе почне дури во Мај со Холандското Гранд При во Зандворт.

корона вирусот може да биде голем и клучен фактор за австралија и за бахреин. австралија не дозволува да доаѓаат луѓе од сингапур и хонг конг, а бахреин не дозволува луѓе од дубаи. тоа се многу важни места за трансфер на голем дел од персоналот.

ефектите на епидемијата може да бидат многу тешки за спортот, а логистичкиот предизвик да стане преголем – појасни марко за австриски ORF.

Беат Зандер, тим менаџерот на Алфа Ромео најави дека треба да се најдат умни логистички решенија доволни за да го решат проблемот.

не можете едноставно да презакажете лет за стотици луѓе, а дополнително е тоа што никој не знае како ќе се развива ситуацијата. може денеска да закажете лет преку оман, а утре оман да иде затворен поради вирусот – смета швајцарецот во својата изјава за германски Auto Motor und Sport.

Гунтер Стаинер од Хаас откри дека состаноците околу логистиката се секојдневни, но предупреди.

не можеме да бидеме однапред подготвени на се, туку можеме само да реагираме.

Роберт Кубица дури одлучил да дојде во Барселона со автомобил поради ситуацијата.

чув што се случува во италија и низ светот и дојдов овдека со автомобил затоа што ако аеродромите се затворат, можам да одам дома. главна работа е што сите се здрави, а за нас возачите е да возиме што е наша работа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ