Мозли жали што не го олеснил патот до Ф1

Макс Мозли изјави дека најмногу жали што како Претседател на ФИА не успеал да направи младите возачи полесно да влегуваат во спортот без поддршка од богати семејства.

80-годишникот за новинската агенција ДПА изјави дека е горд што имплементирал толку многу безбедносни мерки во тркачката серија, но не успеал да стигне до личната цел, да го олесни патот на младите возачи.

сигурен сум дека во светот има многу млади таленти кои никогаш не добиле шанса во формула 1 – смета мозли.

Тој призна дека не успеал да постави јасна патека како прв човеј на ФИА, пат по кој требало да се движат младите возачи од јуниорскиот картинг до врвната Формула 1, а при тоа да потекнуваат од нормално семејство. Тоа требало да се направи преку поефтини јуниорски серии кои носат поени на супер лиценцата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ