Монако ќе започне со поставување на патеката

Поставувањето на Формула 1 патеката во Монако ќе започне во текот на наредната недела пред трките за Формула 1, Формула Е и историската трка во месеците Април и Мај. 

Пандемијата го примора Монако да ја откаже минатогодишната трка, но оваа година подготовките ќе започнат наскоро. Од Автомобилскиот клуб на Монако изјавија во Јануари дека немаат намера да ја откажуваат трката и со сигурност потврдија дека се ќе оди по план.

Властите од Кнежевството најавија дека поставувањето започнува наредниот Понеделник, а тоа вклучува пребојување на патеката и поставување на инфраструктурата покрај патеката за да се ограничи сообраќајот во делот каде ќе се возат трите трки. 

Работите почнуваат на 22 Февруари и ќе траат седум недели за патеката да биде подготвена за првата трка на 23 Април. Подоцна ќе се одржи и Формула Е трката на 8 Мај и последната трка ќе биде со Формула 1 од 20 до 23 Мај. 

Ова ќе биде прв пат три настани да се одржат во иста година бидејќи порано историската трка и Формула Е трката беа со две недели разлика од Фромула 1. Минатата година беше прва од 1954 година во која не се одржала трката во Монако која е традиционално на Формула 1 календарот. Таа ќе биде прва улична трка од 2019 година во Сингапур. 

Стартот на сезоната ќе биде одложен за една недела откако трката во Австралија беше одложена, а трката во Кина беше откажана. Монако ќе биде петта трка на календарот по трките во Бахреин, Имола (Емилија Ромања), Португалија и Шпанија. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ