Монтеѕемоло: Сена сакаше во Ферари по секоја цена

Поранешниот прв човек на Ферари, Лука ди Монтеѕемоло, смета дека тандем составен од Михаел Шумахер и Аиртон Сена во екипата од Маранело ќе бил многу популарен потег за фановите, но нивната соработка немало да донесе титули и успеси.

Многу долго траат шпекулациите дека трикрантиот првак, ултра популарниот бразилец, Аиртон Сена, сакал да ја заврши својата кариера во Маранело и да направи трансфер во италијанската екипа, а ди Монтеѕемоло призна дека тоа било блиску до остварување пред неговата смрт која се случи во 1994 година на Имола во Сан Марино.

дојде кај мене во болоња во среда пред трагичната трка во имола и ми кажа дека сака да дојде и да се трка за ферари по било која цена само да не вози повеќе за вилијамс. остана идејата да го разговараме тоа по трката во имола, а потоа се случи тоа што се случи. тој ќе беше шлаг на тортата во тимот, исто како што михаел беше подоцна – откри лука за италијански Sky Italia.

Во моментот на трагичната несреќа Сена беше во својата трета трка за Вилијамс каде дојде од Мекларен, но не можеше да ги реши проблемите кои ги имаше со болидот на новата екипа. Спротивно на тоа, Шумахер уживаше фантастична сезона со Бенетон, имаше силен старт и дојде до својата прва титула таа година, а ја одбрани следната пред да мине во Скуерија во 1996 година.

Дури и околностите да не биле такви и Сена да не го загубел животот на таа трка, Монтеѕемоло не смета дека ќе се решеле да направат тандем од Михаел и Аиртон.

убав сон, но тоа ќе беше како самите да си пукаме во нога, ќе страдавме и тоа немаше воопшто да биде добро за ферари.

По проценки на италијанецот, Рубенс Баричело бил идеален партнер за Црвениот Барон и совршен пример за тиска соработка.

со две ѕвезди на исто ниво не можете да победувате – заклучи ди монтеѕеомоло.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ