Монтоја и Мекларен повторно заедно на Инди 500

Хуан Пабло Монтоја и Ероу Мекларен СП ќе возат заедно во Мај на славниот Индијанаполис 500. 

Монтоја возеше за Мекларен во Формула 1 во 2005 и 2006 година и дојде до три победи за подоцна во 2021 година да се приклучи на нивниот Индикар тим. Колумбиецот таа година заврши на 9та позиција, но веќе има две победи на славната овална трка.

Оваа година тој ќе вози покрај Пато О’Вард и Феликс Розенквист. 

Задоволен сум што се враќан на Индијанаполис со Ероу Мекларен СП и сакам да ја завршам ткрата која има посебно место во моето срце. Имам големо искуство со тимот од минатата година и со нетрпение чекам да го видам напредокот кој го направија. Мислам дека има реални шанси за напредок и можеби победа – посочи монтоја.

Зак Браун му посака добредојде на возачот. 

Задоволни сме што Монтоја се враќа на уште една Инди 500. Тој е институција во моторспортот со две победи и импресивна кариера. ТОа ни додава искуство од кое треба да добие тимот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ