Монтоја презадоволен што конечно возел Ферари

Иако долго време беше противник на Скудерија Ферари, Хуан Пабло Монтоја конечно имаше шанса да го проба црвениот болид и го провозе Ф2008 околу Муџело. 

Поранешниот возач на Мекларен и Вилијамс го доби болидот на Фелипе Маса со кој бразилецот речиси стигна до титулата во 2008 година. 

Мојот колега оваа година, Хенрик Хедман, не покани да го возиме болидот. Тоа беше неверојатно искуство. Секогаш сме возеле против нив и Чудно е што конечно имам шанса да го пробам. Не може да има ништо подобро од ова – смета колумбиецот.

Тој беше еден од најголемите ривали на Михаел Шумахер во раните 2000ти години и еден од ретките кои можеше да му се спротистави на германецот. 

Моравме да ги победуваме секоја недела. Знаете ли што значи тоа?

Посебно во Италија, секогаш ги победувавме и тоа беше посебно. Интересно е дека сум колумбиец и поради тоа што сум латино мислам дека италијанците ме сакаа, Но Ферари секогаш било микс на традиција и после толку години добро е што конечно имам шанса да возам нивни болид.

Овој болид ја загуби титулата во последните кругови откако Тимо Глок го пропушти Луис Хамилтон на Интерлагос. 

Секој болид е различен. Никогаш не мислев дека ќе го напуштам Вилијамс и во Мекларен ќе возам нешто слично. Беше голем шок на почетокот.

Возењето е тешко и гумите се потешки, но ова беше убаво искуство. Тука е уште потешко бидејќи не сакаш да го оштетиш туѓиот болид. Ова е последниот болид со кој Ферари освои конструкторска титула. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ