Монтоја се враќа на Инди 500 со Мекларен

Хуан Пабло Монтоја, кој возеше за Мекларен во Формула 1, ќе се врати во британскиот тим во 2021 година, но на легендарниот Инди 500.

Колумбиецот беше во тимот во 2005 и 2006 година, победи на три трки и се пласираше на подиумот уште дополнителни четири пати. Неговата Формула 1 кариера заврши по 10 трки во втората сезона и тој премина во Америка каде учествуваше во НАСКАР до 2014 година.

Потоа се врати во Индикар серијата, а следната година победи на Инди 500 по втор пат. Сега ќе цели да стане трикратен победник на легендарниот овал со Мекларен.

Многу сум возбуден што ќе бидам дел од Ероу Мекларен СП за Индијанаполис 500. Имам одлична историја со Мекларен од моите денови во Формула 1 и одвај чекам да направам нови спомени следната година во Индијанополис – изјави Монтоја.

Доколку Монтоја победи, не само што ќе биде негова трета победа, туку и на Мекларен. Тие победија на трката во 1974 и 1976 година со Џони Рутерфорд.

Пресреќен сум што Хуан ќе биде повторно дел од Мекларен семејството и ќе се врати на Инди 500 со Ероу Мекларен СП. Тој е неверојатно конкурентен, многу способен возач, со длабоко познавање од врвот на моторспортот и има многу следбеници.

Ќе биде одлично за тимот и за фановите на ИндиКар да го имаме крај нас на Инди 500 – изјави Зек Браун.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ