Монтоја смета дека доаѓањето на Расел е убаво за Мерцедес

Хуан Пабло Монтоја смета дека по три години без притисок во Вилијамс, доаѓањето на Џорџ Расел во Мерцедес е одличен предизвик и за него и за седумкратниот првак.

Годинава Хамилтон ќе има нов колега, прв пат по 2017 година кога почна да вози крај Валтери Ботас кој замина во Алфа Ромео да направи место за младиот британец. Пред оваа година, Расел мина три сезони во Вилијамс каде секогаш беше побрз од своите колеги, но во опкружување без притисок и големи очекувања.

од една страна, луис бара одмазда, но мислам дека тоа што ќе го има џорџ како свој колега со искуството кое до сега го собра младиот британец, многумина го гледаат како негова замена и очекуваат многу од нег.

џорџ има искуство како се работи без притисок, а сега ќе биде на место каде е многу потешко и ќе го има луис како колега што само по себе е претешко, но во исто време, тој е многу брз, ги знае патеките и има искуство во работата со мерцедес. сето тоа, по мене, ќе донесе добра атмосфера во мерцедес и борба во тимот – смета колумбиецот.

Предсезонските тестови не минаа по планот на “сребрените стрели“, а на петочните сесии во Бахреин се покажа дека не криеле перформанси, туку имаат серизен проблем со својот болид. Но, Монтоја е сигурен дека тие ќе се средат и тимот ќе биде конкурентен.

мерцедес очигледно создава мал отпор затоа што болидот е толку мал, тенок, така што ако успеат да немаат проблеми со остантото, веројатно ќе бидат пеколно брзи и далеку пред сите.

има многу непознаници и поради тоа е навистина кул затоа што има дилеми насекаде. кога гледавте формула 1 лани, знаевте дека макс или лусис ќе победи и тоа е тоа, а чеко и валтери беа премногу позади и немаше трка. буквално борбата беше за 3то место и се чекаше проблем кај некој од водечките. годинава средината ќе биде луда.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ