МотоГП, Америка: Шеста победа по ред за Маркез во Остин

Марк Маркез го надмина проблемот со грид казната по вчерашните квалификации и во типично доминантен стил, стигна до својата шеста последователна победа на Патеката на Америките во Остин, Тексас

Откако доби казна од 3 позиции поради блокирање на Виналес по вчерашното освојување на пол позиција, Маркез скокна на втората позиција веќе во првиот свиок, додека Андреа Ианоне го ја поведе трката. Но времето поминато на првата позиција не траеше долго за моторциклистот на Сузуки и веќе до 12 свиок, Маркез го претекна.

Ианоне возеше доволно блиску до Маркез за да направи обид за претекнување во свиокот 11 од третиот круг, но отиде прешироко и беше повторно претекнат од моменталниот шампион при излезот од свиокот.

Од тој момент, Маркез беше недостижен, шпанецот создаде предност од 2 секунди до крајот на петиот круг. Неговата предност во еден момент достигна 7 секунди. До крајот на трката тој ја одржуваше предноста и стигна до својата прва победа во 2018 година, како и негов вкупно 12 последователен триумф во САД.

Откако Маркез се оддалечи, Ианоне беше под притисок на Маверик Виналес, кој го направи својот обид за претекнување во свиокот 1 од седмиот круг. Ианоне успеа да го задржи третото место за негов прв подиум како моторциклист на Сузуки, пред Валентино Роси, кој пак во првите кругови изврши голем притисок врз својот тимски колега, Виналес, но не успеа да најде простор да го претекне.

Лидерот во генералниот пласман пред трката, Кал Крачлоу, падна во средина на трката при дуел за 5 место, кое на крајот му припадна на Андреа Довициозо од Дукати, пред Жоан Зарко од Тек 3 Јамаха.

Со тој пласман, Довициозо сега е лидер во генералниот пласман, со само 1 поен предност пред Маркез и Маверик Виналес на трето место со 5 поени заостаток.

Дани Педроса успеа да го задржи седмото место во трка во која тој не беше сигурен дека ќе учествува по болки од фрактурата на зглобот.

Во топ 10 завршија Тито Рабат и Џек Милер со Прамак Дукати, како и Алекс Еспаргаро со Априлија.

Хорхе Лорензо мораше да се задоволи со пласман на 11 место, пред Данило Петручи од Прамак Дукати. Пол Еспаргаро од КТМ, Такааки Накагами од ЛЦР Хонда и Алваро Баутиста ја комплетираа листата на моторциклисти кои освоија поени. Крачлоу мораше да се задоволи со пласман на 19 место.

Алекс Ринс од Сузуки и Халфиц Сиарин од Тек 3 Јамаха паднаа и се откажаа од трката, додека Карел Абрахам беше приморан да се повлече во боксот по болки во зглобот здобиени во саботните сесии.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ