МОТОГП, Аргентина: Крачлоу победник во невидена драма

Кал Крачлоу беше триумфален во неверојатна трка во Аргентина, која започна со бизарни услови на стартот, а заврши со непромислен удар помеѓу Марк Маркез и Валентино Роси. Моторциклистот на ЛЦР Хонда излезе како победник во драматична битка помеѓу четворица конкуренти.

Битката започна уште од самиот почеток со преагресивниот Марке Маркез кој пак мораше да влезе во бокс и да одслужи казна поради гаснење на моторот при стартот. Шпанецот се врати и полека почна да ги претекнува сите на гридот, но наиде на Роси. Непромислено се нурна во внатрешната страна, удри во возачот на Јамаха, го истурка од свиокот, а Роси немаше можност да ја избегне влажната трева и падна крај патеката.

Загревачката сесија во МотоГП и пониските серии се одржа на патека која полека се сушеше, но пред главната трка повторно имаше врнежи од дожд, а сите моторцисклисти со исклучок на Џек Милер од пол позицијата, се наместија на гридот со пневматици за дожд.

Но површината набрзина се сушеше и како што се приближуваше трката до стартот, моторциклистите почнаа да влегуваат во боксовите за да променат пневматици. Како што се повеќе и повеќе моторциклисти ги напуштија своите стартни грид позиции, Милер остана сам на патеката, што доведе до одложување на стартот поради безбедносни причини.

По краток состанок на тимските шефови, сите возачи освен Милер беа вратени неколку редови наназад на стартот, оставајќи го австралиецот сам во првиот ред. Самиот старт беше одложен моментално, откако моторот на Марк Маркез згасна.

Разликата му дозволи на Милер да го задржи водството во првиот круг, но набргу потоа беше стигнат од Маркез, кој пак направи разлика од 2 секунди пред да му биде соопштено да влезе во бокс и да ја одслужи својата казна, по што се врати на 19 место.

Без Маркез на чело, главната четворка напред составена од Милер, Алекс Ринс, Жоан Зарко и Кал Крачлоу се оддели од останатите. Водството неколку пати премина од рацете на Милер во тие на Ринс. На 6 кругови до крај, Милер отиде прешироко во свиокот 13, давајќи му го водството на Крачлоу. Зарко набргу го претекна Крачлоу, но британецот возврати на нападите со претекнување во предпоследниот круг и воедно стигна до неговата трета МотоГП победа.

Ринс стигна до својот прв подиум на трето место, позади Зарко, додека Милер заврши на четвртто место.

Маркез успеа да го претекне Маверик Виналес во последниот круг, но на него му беше доделена казна од 30 секунди, по што падна на 18 место во пласманот.

Довициозо, Тито Рабат, Андреа Ианоне, Халфиц Сиарин и Данило Петручи го исполнија топ 10, позади Виналес. Роси ја заврши трката на 19 место, четири места позади Хорхе Лорензо, која имаше многу проблеми во трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ