МотоГП, Валенсија: Куартаро “за влакно“ до 6та пол позиција

Фабио Куартаро стигна до шеста пол позиција во МотоГП за 2019 година, со побрзо време од само 0.032 пред Марк Маркез на квалификациите во Валенсија.

Моторциклистот на Петронас СРТ беше на врвот на сите освен една сесија викендов и беше првиот кој извозе круг по 1:30 во К2 со кој стигна до пол позицијата во неговата деби сезона.

Возбудлив почеток во К2 доведе до повеќе смени на врвот, а Марк Маркез кој имаше пад во четвртиот последен тренинг прв го постави темпото, но набргу тоа беше подобрено од Џек Милер со Прамак Дукати.

Маверик Вињалес, кој беше на врвот во Т4, стигна до круг од 1:30.365 со својата Јамаха, а Маркез падна на второ место. Куартаро набргу ги поремети сметките на сите при вториот најбрз круг, со кој беше на само 1 десетинка до пол позиција.

Милер го врати првото место со 1:30.086 на само 2 минути до крај, но во последен момент Куартаро се искачи на првото место со предност од 0.079 секунди. Претпоследниот круг на Маркез до доведе на само 0.003 позади Куартаро, но тој не беше во можност да го подобри своето време во последниот обид.

Вињалес, Франко Морбидели и Андреа Довициозо ќе стартуваат од вториот стартен ред. Жоан Мир го порази Алекс Ринс за седмо место, додека Кал Крачлоу и Данило Петручи го комплетираа топ 10.

Валентино Роси имаше нејасен пад во форма и ќе стартува од 12то место, додека Хорхе Лорензо на својата последна трка во МотоГП ќе стартува од 16та позиција.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ