МотоГП: Шпанија одложена, најверојатно и Франција

Организаторите на МотоГП првенството потврдија дека Шпанското Гранд при е одложено поради пандемијата од Корона вирусот.

МотоГП објави променет календар поради ситуацијата со вирусот, а само Мото 2 и Мото 3 трките се одржаат на првиот настан во Катар. Последователните трки се одложија, а Шпанското Гранд При, закажано за 1-2 Мај на патеката Херез, требаше да го означи стартот на сезоната.

Бидејќи ситуацијата постојано еволуира, новиот датум за Шпанското Гранд При не може да биде потврден се додека не е сосема јасно кога ќе може да се одржи трката. Нов календар ќе биде објавен најбрзо што може – гласи изјавата од МотоГП.

Следната закажана трка е Франција на патеката каде се одржува Ле Ман, на 15 до 17 Мај, но најверојатно е дека истата исто така ќе биде одложена. И други спортски настани се одложени во Франција, вклучувајќи ја 24 Часа Ле Ман, како и Ролан Гарос, се до Септември.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ