Моторот на Верстапен е добро и ќе продолжи да се користи

Ред бул добија уверувачки информации од Хонда дека моторот со кој Макс Верстапен претрпе силен судар на Силверстон е добро и може да се користи во остатокот од претстојниот тркачки викенд.

Кристијан Хорнер, тимскиот шеф, ја процени штетата на болидот на 1,8 милиони долари, Хонда беа загрижени за моторот и го испратија на детални испитувања во својата централа во Сакура. Петочните сесии беа само тест за истиот, но јапонците се убедени дека агрегатот е во најдобар ред.

беше одлично да се види дека макс нема никакви проблеми од саудрот во силверстон и проверивме дека моторот работи нормално и со него се е во ред – изјави тојохару танабе, техничкиот шеф на јапонскиот производител.

Овие информации се повеќе од добредојдени за холанѓанецот и неговата борба за титула со Луис Хамилтон затоа што еден откажан мотор кој беше инсталиран за време на трката во Франција, ќе значи дека ќе следува казна при некоја следна промена.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ