Моторспорт викенд: ВЕЦ 24 Часа Дејтона и Формула Е во Саудиска Арабија

По долгата пауза од моторспорт трки, со исклучок на Рели Дакар, фановите може да се порадуваат на нова возбуда на тркачките патеки.

Викендов ќе се одржат трки во две првенства кои се дел од ФИА, односно Формула Е и Светското Првенство на Издржливост – ВЕЦ, односно сестринската серија во САД – ИМСА.

Во Формула Е првенството ќе се одржи втората трка од 2023 година, во Дирија, Саудиска Арабија, откако возачите во електричната серија веќе се појавија на патеката во Мексико Сити на 14ти Јануари.

Квалификациите за Формула Е Дирија еПри се закажани за Петок, со почеток во 12:40 по македонско време, додека трката ќе се одржи неколку часа покасно, со почеток во во 17:03 по македонско време.

Долго-очекуваните промени во светското првенство на издржливост ќе ги следиме на ТВ каналите овој викенд и тоа на легендарната Ролекс 24 Часа Дејтона. Особено интересно е зголемениот број на производители во највисоката класа, Хиперкар, каде што ќе ги следиме Ферари, Порше, БМВ, Кадилак, Тојота, Ванвал и многу други.

Трката започнува во Сабота во 18:40 по македонско време.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ