Надграбите на Ферари ќе ја чекаат Имола

Ферари ќе причекаат со големи надградби за својот разочараувчки болид оваа сезона се додека целосно не го разберат проблемот. 

Шарл Леклер изјави дека нема шанси за победа во Мелбурн, но борбата за титула е сеуште можна. 

Не може да се залажуваме себе дека се е во ред и ќе се бориме за победа. Ова е долга сезона и имаме планови да го надградуваме болидот во текот на наредните трки.

На Алберт парк се очекуваат мали промени, но главните нема да се случат ни во Баку ни Мајами. 

Мислам дека ќе ги видиме на Имола. Вистинскиот шампионат ќе започне на Имола на 21 мај. 

Најголемата промена ќе биде во задната суспензија која треба да им помогне на Шарл Леклер и Карлос Саинз да ги чуваат гумите. 

Ред Бул доминира со осум десетинки по круг на трка. Болидот не е лесен за возење од разбирливи причини. Имаме слабости и мора да се справиме со нив – изјави Саинз. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ