Надградбите на Алпин се чекор напред

Естебан Окон е задоволен од крајот на тренингот на Марина Беј откако завшри на шеста позиција. 

Неговиот колега, Фернандо Алонсо, исто така беше во топ 10 и ова е добар старт за француската фабричка екипа во борбата со Мекларен до крајот на сезоната. Предноста на Алпин е 18 поени на шест трки до крајот, а овој викенд и двете екипи донесоа надградби. 

Мекларен се концентрираат на страничните делови додека Алпин на подот. 

Двата болида се нови со нов под кој ги исполни очекувањата – изјави Мет Харман. 

Окон е задоволен од болидот. 

Болидот беше добар и се обидуваме да ги разбереме новите надградби и да работат најдобро што е можно. До сега сме во вистинска насока. Болидот беше доста добар денес и мило ми е што од почеток бевме добри. Добро се справивме со предизвикот на Сингапур.

Патеката не е нерамна како што сите очекуваа, Но сеуште е рано. Квалификациите се утре, но задоволен сум со денешниот ден. Бевме конкурентни и на кратки и на долги серии.

Квлаификациите ќе се најважни бидејќи е тешко да се престаса. Трката ќе биде долга. Мора да имаме добра стратегија за во недела. 

Окон помина без проблеми за разлика од Алонсо кој имаше проблем со менувачот. 

Алонсо имаше мало протекување од менувачот И превентивно не го пуштивме назад на патеката. Ќе видиме што било проблемот и ќе наместиме нов менувач.

Сеуште сме поназад, но ќе го подесиме и поправиме болидот. секако дека сме среќни со болидот и мислам дека ќе влеземе во последниот квалификациски дел. Тоа ни е целта, добри квалификации и трка без проблеми. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ