Накосената кривина во Зандворт нема да донесе проблеми како во Америка

Уникатната закосена кривина која ќе биде изградена на Зандворт како дел од патеката за враќањето на Холандското ранд При на календарот нема да предизвика проблеми како што накосувањето на Индијанаполис предизвика скандал во Америка во 2005 година, смета спортскиот директор на настанот, Јан Ламерс.

Ламерс кој и самиот има искуство од 23 Формула 1 трки возени за Шадоу, АТС, Енсигн, Теодор и Марч, верува дека кривината која ќе биде 18 степени закосена во Зандворт ќе биде најинтересниот момент од трката која се враќа во календарот по 1985 година.

Три кривини во Зандворт, Тарзанбошт, Хугенхолтзбошт и Арие Лујендикбошт ќе бидат накосен.

патеката дефинитивно ќе биде посебна затоа што ниту една модерна формула 1 патека нема накосени кривини интегрирани во дизајнот. поради тоа следниот мај нема само да биде враќање на холандија во формула 1 туку и враќање на накосените кривини во спортот.

поради тоа трката ќе биде посебна. сите возачи возеле на нормални патеки, но ниту една немала накосени кривини и ќе мора да се адаптираат на тоа што ќе биде индтересно да се види – најави ламерс.

Јан е свесен за прашањата кои се посавуваат околу дополнителните барања од гумите на ваквите накосени кривини, но откри дека тие како организатори се во контакт со Пирели секојдневно. Формула 1 имаше проблеми на Американското Гранд При во 2005 година кога гумите на Мишелин предизвикаа многу судари поради дополнителното оптоварување кое накосениот дел на Индијанаполис го правеше врз нив.

не очекувам никакви проблеми, а за тоа има две причини. најпрво кривината на индијанаполис беше многу подолга од оваа така што притисокот врз гумите беше многу поголем. второ, кривините на индијанаполис имаат еден вид на линеарно накосување, а ние имаме прогресивно, слично како на патеките за боб санкање.

разговаравме со пирели од првиот момент кога размисливме да напавиме ваква патека, разговараме секој ден потоа и ги споделуваме сите новини и информации кои ги имаме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ