Нандо загубил верба во болидот

Фернандо Алонсо откри дека сеуште не е во можност целосно да верува на својот Алпин болид откако денешните квалификации на Имола ги заврши на 15то место.

Откако заврши на 9то место на утринската сесија во пресрет на квалификациите, тој се мачеше, едвај излезе од К1, но беше на самото дно во К2. Тој финишираше со 4 десетинки заостаток во однос на времето кое носи во следнио сегмент и интересно имаше исто остварување со Николас Латифи.

Неговиот колег, Естебан Окон, успеа да дојде во последниот сегмент и да си обезбеди 8мо место на гридот што беше прв пат Нандо да загуби на квалификации од Малезија во 2017 година.

По квалификациите Алонсо откри дека е разочаран што не успеал да дојде во К3 како во Бахреин пред три недели и се смета одговорен за неуспехот.

бев бавен, болидот беше добар, балансот исто така, но секогаш кога ќе го завршам кругот бев задоволен од чувството, но времето велеше дека сум пребавен. ќе биде тешка трка со оглед на тоа од каде почнувам и фактот што имола не е позната по претекнување, така што ќе се мачам, знам – смета алонсо.

Шпанецот откри дека тимот направил минимални промени помеѓу утринската сесија и квалификациите, а најголем дел од проблемите произлегувале од фактот што нема верба во можностите на болидот.

не мислам дека проментие играа некаква улога во перформансите, морам да бидам искрен. ако имав поинакво чувство во болидот, слично како на т3 утрово, ќе разберев што не е добро, но болидот беше добар така што сигурно проблемот е во мене.

кога зборувате за 2-3 десетинки кои чинат шест позиции, ќе биде многу тешко да се надомести, а јас морам да сум подобар во иднина. треба подобро да го разберам лимитот на болдиот на потешки патеки, патеки кои многу бараат како оваа. овие старомодни и историски патеки бараат верба во болидот дека може да притиснете до лиитот без проблем. можеби сеуште не сум до тоа ниво, но давам се од себе да се подобрам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ