Напуштањето на Ф1 го боли Сироткин

Поранешниот возач на Вилијамс, Сергеј Сироткин, откири дека се повеќе му е тешко да прифати дека неговиот Формула 1 сон е готов и во моментов многу повеќе жали од претходно.

Русинот возеше во Гроув крај Ленс Строл во 2018 година, а следната сезона беше заменет од полјакот Роберт Кубица. И покрај тоа што редовно беше на опашката, на возачот му било тешко што го загубил местото и покрај тоа што минатата сезона беше уште потешка од претходната.

мислам дека ситуацијата станува се повеќе болна затоа што во тоа време вилијамс не беше конкурентен и знаев дека следната година ситуацијата веројатно нема мноугу да се смени. мислевме дека ако паузираме една година, ќе можеме да најдеме подобра опција одошто да се бориме со роберт за тоа место.

имавме високи надежи и очекувања и дури и договор во мојата прва сезона во формула 1, но на крајот не успеавме да ја оствариме целта и сфаќаме дека враќање на гридот ќе биде уште потешко. веројатно дека формула 1 станува се подалечна.

кога не мислам на тоа нема проблем, но секој ден на некој начин се потсетувам на тоа, а реалноста е дека не знам ништо. не сум емотивен и не е некоја најважна работа во мојот живот, но секогаш е болна тема и така ќе остане – објасни сироткин.

Русинот е свесен дека тоа што така се чувствува со 24 години и особина на спортот, но додаде:

јас сум самокритичен и да сфатам дека на 23-24 години не сум успеал во постигнување на целта е тешко, многу тешко.

Сироткин сеуште нема откриено во која тркачка програма ќе биде следната година, а своите натпревари треба да ги балансира со својата картинг академија. Откако замина од Вилијамс беше резервист во Рено и во Мекларен, така што голем дел од минатата сезона ја мина во падокот.

на почетокот мислев дека ќе биде потешко кога гледав од дома и кога сфатив дека сум подзаборавен. но, се вратив во падокот и се ми беше познато, вклучен бев во се, но немав болид за возење и само гледав на телевизорите крај патеката или на компјутерите. по некој момент, беше тешко да се прифати сето тоа.

пропуштив една трка поради проблем со пасошот и тогаш сфатив дека преферирам да останам дел од системот на боли кој начин, да бидам вклучен и да контактирам со луѓето одошто да гледам дома.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ