НАСКАР: Патеката во Шарлот стана локација за тестирање на КОВИД-19

Бидејќи не се одржуваат трки од календарот во 2020 година од НАСКАР првенството во Северна Америка поради пандемијата од Корона вирусот, една од тие која е домаќин на повеќе трки од серијата, ја промени својата намена.

Мотор Спидвејот во Шарлот ќе биде локација за тестирање на живтелите во Северна Каролина за КОВИД-19. На 24ти Март, патеката официјално стана првиот спортски објект кој ќе биде користен за оваа намена.

На патеката во Шарлот, работиме за фановите, служиме на локалното население. Во овие непредвидливи времиња, сакаме да ја истакнеме нашата поддршка, за здравјето на сите. Ќе работиме со нашите партнери во здравството и ќе им овозможиме познато, пристапно и безбедно место како локација за тестирање се додека им е потребно – изјави Грег Валтер, извршниот подпретседател на патеката.

Индивидуи на кои им е препорачано од нивните лекари да го направат тестот, треба само да се појават на патеката и притоа не мора да ги напуштаат своите возила. Примерок ќе биде земен додека седат во возилата и истиот ќе биде испратен на анализа, при што резултатите ќе бидат достапни во рок од 24 часа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ