Настрана поени, Расел цели кон топ 5 финиш

Џорџ Расел се фокусира кон постигнување на топ пет резултат на Белгиското Гранд При, откако направи шокантно возење до второто место во квалификациите.

23-годишникот накратко држеше привремена пол позиција на крајот на третиот сегмент, пред да биде поразен од Макс Верстапен, кој ја заврши сесијата како најбрз возач. Со прогнози за дожд за трката во Недела, Расел верува дека Вилијамс има темпо да заврши високо, но сепак останува реален во однос на задржувањето на побрзи болиди.

Очигледно мораме да бидеме реални, зад себе имаме неверојатно брзи  болиди, Но, ако условите останат исти, имаме болид кој веројатно е доволно брз за првите десет.

Но, ако започнеме од првиот ред, нема причина зошто да не се обидеме да ја задржиме таа позиција во поголемиот дел од трката.

Мислам дека нема да направам нешто глупаво со болидите околу мене, кои очигледно ќе бидат побрзи од нас, но мислам дека нема причина зошто да не завршиме, ако условите се вакви, во првите пет. Поени се апсолутен минимум – посакува младиот британец.

Откако ги заврши последните кругови на користени гуми, Расел откри дека очекувал неговиот инженер за трка да го извести дека завршил во долната половина од првите десет.

Влегувањето во К3 беше достигнување само по себе и немавме повеќе нови гуми, така што всушност бевме на искористен сет на интер за К3.

Така, јас навистина очекував 9то, 8мо или 7мо место и кога мојот инженер на радио ми ги кажа сите возачи што се зад мене, си помислив „Леле, ова може да биде добро!“

Тогаш, очигледно, Макс само ме порази. Се наоѓаме во одлична позиција, но очигледно немаме бодови за квалификации, па ќе се фокусираме на трката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ