Националната банка на Бахреин ќе го кредитира Мекларен

Мекларен Груп е многу блиску да ги добие итно потребните средства за свое функционирање преку Националната банка на Бахреин. Таквиот потех ќе овозможи на компанијата да ги добие барем средствата кои се неопходни за функционирање на Групацијата од “пријателска организација“ која има дел од сопственичката структура иста со компанијата од Вокинг.

Бахреинската банка е во 44% сопственост на Мумталакат Холдинг Компанијата, Бахреинскиот државен фонд кој пак има 56% удел во Мекларен. Секако дека заемот ќе биде поволен за британската компанија одошто оние кои би ги добиле на слободните финансиски пазари.

Објавените документи велат дека Мекларен бара заем од 280 милиони фунти најдоцна до средината на следниот месец како резултат од последиците на Ковид-19 пандемијата која сеуште владее во светот. Неделава Мекларен Холдинг поднесе барање до Врховниот Суд на Британија со цел да им се овозможи да ја заложат историската колекција болиди и автомобили како и фабриката во Вокинг. Проблемот се јавува што при издавање на 600 милиони фунти вредната обврзница во 2017 година со цел да се исплати Рон Денис, имотот служи како гаранција за враќање на позајмените пари.

Имателите на обврзницата имаат свој план да дадат заем на Мекларен, но под услови кои се неприфатливи за компанијата. Од Вокинг открија дека имателите на обврзницата сакаат да создадат ситуација во која Групацијата мора да ја прифати нивната понуда за финансирање со услови кои тие ги поставуваат, без оглед на тоа какви последици тоа ќе има на сите кредитори и акционери во Мекларен.

Судијата се согласил да го забрза случајот, односно барањето на Мекларен кое ќе биде разгледано на 2 Јули, а Sky News пренесува дека заемот од Бахреин може многу брзо да биде оперативен. Се шпекулира дека блискоста со Бахреин може и да значи дека нема да биде барано заложување на колекцијата на автомобили и болиди како обезбедување на заемот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ