Најголем дел од персоналот на Рено на принуден одмор

Најголем дел од персоналот на Формула 1 тимот на Рено во фабриката во Енстон ќе биде на принуден одмор за д асе заштити иднината на тимот од пандемијата на корона вирус. Поради недостаток на тркање екипи се соочуваат со финансиски проблеми поради што голем дел од нив решија да ги пратат вработентие на принуден одмор и да искористат владини мерки за помош.

Британската Влада се согласи да исплаќа 2.500 фунти месечно на вработени, а останатото е го доплатуваат од Рено за да се осигураат дека сите вработени ќе добијат 80% од своите вообичаени примања.

рено спорт рејсинг реши да се пријави за владините мерки донесени од владата. од први април најголем дел од персоналот ќе биде на принуден одмор до крајот на мај, а фабриката ќе остане затворена. ситуацијата ќе се ревидира на крајот на месецот во зависност од развојот на настаните.

како дополна на сумата која ќе ја исплатува државата, рено ќе гарантира исплата на 80% од платата на сите вработени. платите на персоналот кој ќе остане активен, вклучително и менаџментот, исто така ќе биде намалена за истиот процент – гласи соопштението од рено.

Во врска со фабриката за мотори во Вири, французите донесоа одлука истата да работи со скратено работно време следните 12 недели.

периодот може д биде намален или зголемен во зависност од развојот на настаните. одлуката е донесена во консутација со претставници на вработените и поддржана со солидарен договор со цел да се заштити компанијата и вработените. за настаните кои фиа официјално објави дека се прекинати како формула е, работата ќе птодолжи во зависност од здравствените услови и потребите.

Сирил Абитебул се јави со своја изјава уверувајќи дека екипата прави се што може во време на кризата.

тешките човечки и санитетски услови кои ги искусивме донесоа до затворање на фабриките во франција и англија како и речиси сите гранд при организации, но тоа не влије на спортот во целина.

мораме да ги искористиме сите мерки кои ги имаме на располагање за да го минеме овој продолжен период на пауза најбезболно и да го заштитиме тимот кој го градевме минатите четири години.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ