Најдобар зимски тест за Мекларен во последните неколку години

Екипата на Мекларен има позитивно чувство откако тимскиот шеф, Андреас Сеидл, изјави дека ова е нивниот најдобар зимски тест во последните неколку години што се однесува до издржливоста.

Во текот на првите три дена од предсезонските тестови неделава, Карлос Саинз комплетираше вкупно 237 кругови при првото возење на МЦЛ35 во Барселона. Тимскиот колега, Ландо Норис, извозе дополнителни 186 кругови, а ниту еден од возачите не искуси значителни проблеми со издржливоста во текот на тестот.

Ако погледнете кон бројот на кругови и издржливоста која ја покажавме до сега, ова е најдобар почеток во многу, многу години за Мекларен. Тоа е одлична награда за тимот и доказ дека напорната работа преку зимскиот период се исплатува.

Сепак новиот болид сеуште не ја покажал својата форма, откако Саинз ја заврши неделата како 12ти најбрз возач, додека Норис 20ти од 21 возач кој учествуваа.

Болидот се однесуваше според очекуваното земајќи ги различните тестови кои ги комплетиравме во последните три години. Одлично е да се види преносот на податоците, така што сум многу среќен. Среќен сум со исходот од тестот, имавме темелни подготовки, бевме многу фокусирани и дисциплинирани ширум целиот тим.

Успеавме да ги поминеме сите планови во првиот дел од тестот. Ќе ги искористиме следните неколку дена да ги анализираме сите податоци. Ќе носиме нови делови исто така. Денес тестиравме ново крило, на пример. Одлично е да се следи нашиот моментум. Ќе продолжиме да работиме на подготовките за Мелбурн и да извлекуваме дополнителни перформанси во МЦЛ35.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ