Најновото истражување вели: Макс најпопуларен возач, Мекларен најпопуларна екипа

Формула 1 фановите од 187 земји низ светот учествуваа на најголемото досега истражување на Ниелсен и Моторспорт Нетворк.

Истражувањето им даде можност на фановите да кажат што сакаат и што ценат во спортот за да овозможат насока за клучните одлуки во иднина. Ниелсен откри дека биле анализирани 167.302 одговори, најголемо истражување за Формула 1 досрга, учеството на женските испитаници и учеството на помладата популација е драстично зголемено.

За омилени трки фановите ги одбраа Монца, Спа, Силверстон и Монако, исто како и при истражувањето од 2017 година, но овој пат им се приклучи и Јапонија, додека Баку имаше поддршка од 13%, огромен скок од 1% колку што имаше пред четири години.

Мекларен е омилена екипа кога се во прашање тимовите со 29,5% од испитаниците кои се одлучиле за таа екипа, Ред бул се втори со 19,8% поддршка, додека Ферари се трети со 17,9%, откако пред четири години беа омилена екипа, Мерцедес “паднаа“ на 4то место со 11,9% пред Астон Мартин кои имаат двојно поголем број на фанови од врмето кога беа Форс Индија.

Кај возачите, омилен е Макс Верстапен со 14,4% од испитаниците, но холанските фанови не се присутни во оваа поддршка за холанѓанецот затоа што Америка и Јапонија се оние кои дадоа најголем број од гласовите за него. Ландо Норис е втор најомилен со 13,7% поддршка, но доби најмногу гласови од женската популација и од оние помлади од 24 години. Луис Хамилтон е најпопуларен во Британија и најпопуларен кај оние над 35 години, а втор е по популарност во Америка, севкупно 3ти од сите возачи.

Целосниот извештај овде.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ