Најтврдите компоненти за Муџело, најмеките за Сочи

Италијански Пирели ги откри компонентите со кои планира да се возат трките во Септември и тоа Тосканското Гранд При на Муџело и Руското Гранд При во Олимпиското Сочи.

Компонентите за 2020 година се исти како оние кои се возеа лани откако екипите одбија да се тркаат со новите гуми за оваа сезона поради потребните промени кои требаше да ги направат на своите болиди, а кои чинеа доста финансии.

Автодромот во Муџело кој е сопственост на Ферари за прв пат во историјата ќе биде домаќин на Гранд При трка на 13 Септември, истата ќе се вози како Голема награда на Тоскана и ќе биде дел од прославата на 1.000та трка за Скудерија. Пирели се решија на оваа трка да ги донесат трите најтврди компоненти од својата гама и тоа Ц1, Ц2 и Ц3, истите со кои претходно ќе се одработат Британското Гранд При и Шпанското Гранд При.

Посетата на Русија ќе биде целосно спротивна во однос на гумите и таа трка ќе биде прво појавување на Ц5 компонентата оваа година, секако поради немањето на трки во Монако и во Сонгапур каде традиционално се вози со најмеки гуми.

Муџело и Сочи се последни од првите 10 трки потврдени од страна на Формула 1, а се очекува во најскоро време во календарот да бидат додадени и Имола и Портимао во Португалија, додека повеќе од јасно е дека календарот ќе заврши со двојна трка во Бахреин и финале во Абу Даби.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ