На Имола само трки од Формула 1 годинава

Според Motorsport.com, Гранд При трките “Произведено во Италија и Емилија Ромања“ во 2021 година нема да бидат поддржувани со трки во пониските категории од Формула 1.

Патеката Имола се врати во Формула 1 календарот во 2020 година за да биде домаќин на Големата Награда на Емилија Ромања, со што беше означен првиот тркачки викенд во Формула 1 што се одржува таму од 2006 година.

Настанот беше додаден на календарот многу доцна, како дел од одлуката за промени во календарот поради корона вирус пандемијата, но исто беше и во распоредот за 2021 година. Овогодинешнито календар исто беше беше предмет на промени, а Имола повторно стана дел и од новиот календар.

Се чини дека тимовите во Формула 1 ќе ја имаат патеката сами по себе од 16-18 Април, без да бидат вклучени и трки во пониските категории.

Исто така се наведува дека официјалните претставници на Имола остануваат сигурни во обезбедувањето место во календарот на Формула 1 по 2021 година, па затоа избрале да не ги вклучат трките од пониските категории, иако можноста да се зачини настанот со некои споредни трки ќе дозволеше да се намали товарот на организирање..

Воедно е соопштено дека Гран при на Производено во Италија и Емилија Ромања се очекува да се одржи без присуство на публика на трибините. Распоредот за поддршка на Формула 1 е променет во новата сезона. Во обид да намалат трошоците, Формула 2 и Формула 3 треба да се менуваат на календарот наместо да ги оспоруваат нивните сезони истовремено.

И за прв пат, W женската серија ќе се одржи на осум трки како дел од програмата за поддршка на Формула 1.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ