На Латифи ќе му недостасува Расел

Николас Латифи призна дека ќе му недостасува Џорџ Расел следната сезона затоа што младиот британец бил одличен репер за него годинава.

Канаѓанецот е колега со Расел последните две години, но Џорџ заминува во фабричкиот Мерцедес догодина откако тимот на Унгарското Гранд пПри годинава за прв пат освои поени по пауза од повеќе од две години.

секако дека мислам оди џорџ е одличен репер за мене. тој е некој кој знаете дека секогаш вади максимум од болидот 9 од 10 пати кога ќе седне во него, особено на квалификации. не дека сметам оти мојот нов колега следната година не е исто толку квалитетен – изјави латифи.

Следната година крај Николас ќе вози овогодинешниот резервист, а ланскиот тркач на Ред Бул, британецот со тајландско потекло, Александер Албон.

Канаѓанецот годинава го нема победено Расел на квалификации, а токму фактот што Џорџ е толку силен во Сабота, го натерало Ники многу побрзо да напредува одошто тоа е вообичаено.

секако дека е одлично ако успевате да го притиснете и да бидете побрз од него, но ако е спротивно, тогаш само ќе се подобрите и ќе напредувате побрзо од нормално. мислам дека тој е одличен репер за било кој.

секако дека е многу корисно за мене да учам, затоа што сеуште сум на почетокот од мојата кариера, исто како што е и тој.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ