На Либерти “им тргна“ со тркањето, сакале да ја купат Индикар

Либерти Медиа, компанија која е сопственик на Формула 1 од 2016 година сака да ја купи и најдобрата американска серија за тркање со отворени едноседи, американскиот пандан на Формула 1, Индикар.

Минатата недела, Роџер Пенске, американска тркачка легенд и милијардер, го шокираше тркачкиот свет со објавата дека ја купил Индикар како и еден од најлегендарите автодроми во светот, Индианаполис.

Но, германски Auto Motor und Sport тврди дека потенцијален купувач биле и Либерти, но загубиле интерес затоа што не сакале да се наддаваат со Пенске. Информацијата ја потврдиле и луѓе вклучени во процесот за Associated Press.

човек запознат со преговорите на либерти откри дека компанијата сакала да ја палтипрвичната барана цена од 250 милиони долари – тврди Associated Press.

Една од подружниците на Либерти, Либерти Глобал, е сопственик и на Формула Е.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ