На Макс “му чуе“ за психолошките игри на Хамилтон

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, откри дека неговиот Макс Верстапен е целосно имун на психолошките игри на Луис Хамилтон.

Слично гледиште со Хорнер има и поранешниот Формула 1 возач, Дејвид Култхард, кој смета дека Луис може да поднесе психолошки притисок кој го носи напната борба за титула.

чувствував притисок кога се борев за титула, но се чини дека денешните возачи не го чувствуваат тоа. се тркаат едни против други, тие се најдобрите, но прават многу помалку грешки одошто ние своевремено – се присетува култхард.

Тој смета дека Макс и Луис се разликуваат во нивниот карактер и нивниот животен стил.

макс сака д биде повлечен, луис е повеќе екстровертен, но ког се на патеката, победата е единствено на кое размислуват.

Герхард Бергер, исто така поранешен Формула 1 возач и сопственик на екипа, а сегашен шеф на ДТМ серијата, смета дека младиот холанѓанец ќе излезе како победник на крајот на сезоната.

второто место на макс во сочи беше многу повеќе од контрола на штетата затоа што тој буквално се врати од огромната казна која ја имаше. с огромна посветеност и концентрација, тој целосно го ослободи својот ум и точно знае како да го прави тоа.

Кристијан Хорнер додаде:

вистинско време е за макс, подготвен е. луис сака психолошка борба и користи се што знае за да го притисне макс, но макс не го засега ништо. тој е најрелаксиран возач на гридот и се што сака е да вози “до даска“. видовме како се носеше со притисокот на зандворт, него ништо не го пореметува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ