На патеката во Бахреин се произведуваат респиратори

Инженерите на трката во Бахреин работат заедно со Министерството за здравје со цел да дизајнираат респиратори за тие дијагностицирани со Корона вирус.

Трките се во период на пауза на неодредено време, откако вирусот беше прогласен за пандемија, а повеќе тимови и организации ги користат своите ресурси за да помогнат со ситуацијата. Седум од тимовите во Формула 1 стационирани во Велика Британија го формираа Проектот Питлејн за да помогнат, додека Ферари произведуваат опрема која ќе биде користена во Италија.

Справа за дишење, поволна за пациенти кои имаат потреба од респиратори, но кои не се во критична ситуација, е дизајнирана и се произведува од инженерите во соработка со Министерството за здравје. Две различни верзии се дизајнирани според спецификации на експерти во медицинскиот комплекс Салманија, а двете се одобрени за користење по интензивни тестови.

Во време на глобална криза, разгледавме опции преку кои ќе ја подржиме битката против КОВИД-19. Нашите инженери го прифатија предизвикот преку дизајнирање на респираторен систем наменет за тие кои страдаат од КОВИД-19. Бидејќи ова е глобален напор, со задоволство ќе ги направиме нашите дизајни достапни на други организации кои бараат слични решенија – изјави Фајез Ремзи Фајез, оперативниот директор на BIC.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ