На повидок втора трка во Сингапур како замена за Сочи

Формула 1 размислува да одржи втора трка во Сингапур доколку плановите Катар да го замени Руското Гранд При не бидат остварливи.

По руската инвазија на Украина од крајот на Февруари, Формула 1 експресно го откажа Руското Гранд При во Сочи кое требаше да се одржи за време на последнио викенд од Септември, а во исто време и го поништи договорот со организаторите. Така настана празнина во гломазниот календат од 23 трки која спортот сака да ја пополни, а прва опција е враќање на Лосаил во Катар на календарот.

Катарците потпишаа 10-годишен договор за организација на Гранд При кој треба да почне да важи од следната година поради тоа што земјата сезонав организира ФИФА Светски фудбалско првенство, но и покрај тоа се главни фаворити да му помогнат на спортот и годинава и заедно со Сингапур и Јапонија да бидат три последователни трки во тој дел од годината и тој дел од светот.

Но, одредени несигурности кај организаторите ја натерало Формула 1 да бара алтернатива, така што на повидок се две градски трки во Сингапур. Идејата била дискутирана со промотерите за две трки на два последователни викенди на Марина Беј, но во различни времиња во текот на денот, една во традиционалното стартно време, а другата малку порано.

Сличен пристап беше користен и при двојната програма во Бахреин пред две години кога Бахреинското и Шакирското Гранд При беа едно по друго во целосно “размонтираниот“ корона календар.

Сингапур нема организирано трка од 2019 година поради пандемијата, но неодамна се отвори за туристи, а настанот годинава е предвиден за 2 Октомври. Спортот останува решен да обезеди календар од 23 трки, а Сингапур и Катар се алтернативи за тоа, иако опција може да биде и Бахреин и користење на надворешната конфигурација како што тоа беше случај во 2020 година.

Еден од најголемите проблеми на Катар да биде заменска трка е фактот што температурата на крајот од Септември таму е 38 степени просечно во текот на денот. Ланското издание на настанот на Лосаил се возеше 15 минути по зајдисоне во 5 часот по локално време.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ