На Тото му е непријатно да се ценка со Хамилтон

Тото Волф откри дека преговорите со Луис Хамилтон за негово останвање во Ферари се во тек, но посочи и дека му е непријатно да се ценка и да разговара запари со својот “брат“.

Покрај неубедливите перформанси на сребрениот болид последните две сезони, се поизвесно е дека седумкратниот првак ќе остане во Бракли и во иднина. Но, медиумите не престануваат да шекулираат дека Ферари му нудат големи пари на црномурестиот возач за да дојде во Маранело.

Месецов во едно свое интервју Тото Волф посочи дека не се сомнева дека Луис ќе продолжи со тимот, а “пеглањето“ на договорот е само прашање на време.

гласините за трансфер на луис во ферари се појавуваат на секои две години кога треба да потпишуваме нов договор, но ништо од нив не е точно. разговараме нормално без никаков притисок – објасни тото за австриски oe24.

Преговорите често знаат да бидат непријатни, особено кога преговараат блиски пријатели каково овој случај. Волф и Луис имаат огромно меѓусебно разбирање и пријателство стекнато низ годините доминација со тркачката серија.

непријатно е двајца пријатели, би рекол крвни браќа, кои десет години работат и тоа многу успешно еден до друг, одеднаш да разговараат за пари. јас сум убеден дека преговорите успешно ќе завршат, воопшто не се сомневам во тоа и не размислувам на ништо друго.

ако му дадеме силен болид на луис, тој долго ќе победува, погледнете го том брејди што можеше да направи на 40 години.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ