На Фетел му фали верба во болидот

Себастијан Фетел чувтвува дека треба да биде потрпелив и да ја стекне самодовербата во болидот на Астон Мартин откако одпадна во срединот квалификациски сегмент на Имола.

Денешните квалификации беа втори во низа во кои неговиот колега, Ленс Строл, заврши пред него, овој пат канаанецот беше 10ти. Себ по квалификациите појасни дека нема целосна верба во болидот АМР21 откако се приклучи на екипата зимава.

очигледно е дека сме во средината на поредокот каде е многу густо, така што неколку десетинки прават огромна разлика. бев позадоволен од чувството во болидот, но ми недосасува сета самодоверба. мислам дека значително се подобруваме, но густо е, ќе видиме како ќе биде утре. можеби ако врне тоа може да ни помогне – посака германецот.

Тој чувствува дека загубил време во својот последен К2 круг споредено со претходно, но свесен е дека има уште да извлече од пакетот.

јасно е дека јас не сум многу трпелив човек и не сакам многу да чекам. но, се подобрувам, на патеката особено ми треба врвна самодоверба и верба во болидот за да извлечам се.

сеуште не сум на тоа ниво, но ова е сам овтора трка и мислам дека ќе бидатм трпелив и многу подобар.

Четирикратниот првак призна дека недостатокот на трпение можеби ќе предизвика на моменти да го вои болидот повеќе од можностите, но исто така потенцираше дека различната филозофија на Астон Мартин прави потешко да се привикне на болидот одошто при претходните негови трансфери.

болидот е многу поинаков одошто оние кои сум ги возел во монатото. има некои работи денеска со овие гуми, сетирањето на болидот и така натаму кои прават огромна разлика. поради тоа ми треба подолго од вообичаено за да се привикнам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ