На Хамилтон му се слошило на подиумот

Луис Хамилтон го посетил лекарот на Мерцедес пред прес конференцијта по трката за Големата награда на Унгарија поради, како што самиот откри, последици од Ковид-19. 

Валтери Ботас сам си ја уништи трката и со себе ги повлече Макс Верстапен, Ландо Норис и Серхио Перез. Хамилтон беше единствениот возач на рестартот на гридот бидејќи другите влегоа во бокс да менуваат гуми. 

Актуелниот и седумкратен првак објасни дека му се појавиле симптоми поврзани со Ковид-19 и му се слошило на подиумот. 

Сега сум добро, но ми се слоши и се ми беше магливо на подиумот. Се борев цела година да сум здрав, но сеуште трае борбата.

Беше тешка трка  на топло време со голема влажност. Таа комбинација прави тешко да се дише кога се бориш до крај.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ