Неискусниот Верстапен загрижен: Дводневен викенд на Имола е глупост

Макс Верстапен смета дека е глупост што Формула 1 ќе има само една тренинг сесија кога ќе се врати на патеката Имола подоцна годинава.

Формула 1 објави на почетокот на Јули дека ќе се врати на Имола за прв пат по 2006 година во Ноември, а Гранд При-то Емилија Ромања ќе биде 13та трка во календарот. Потоа следуваше веста дека тркачкиот викенд ќе биде намален на два дена, а од три тренинг сесии, возачите ќе имаат само една, во Сабота наутро и ќе трае 90 минути. 

Доколку тоа беше случај на патека која ја познаваме и сме возеле во овие болиди, тогаш нема проблем. На крајот, исто е за сите, нема проблем со тоа, но мислам дека е погрешно.

Дајте ни две сесии за да ги подесиме нештата, дека се работи добро, а не само една сесија. Дводневен формат, не ме интересира, но барем две сесии. Подобро е да имаме две едночасовни сесии, одколку една од час и половина.

Мислам дека е глупост – изјави Верстапен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ