Нема повеќе ротации, Витич директор на трка до крајот на сезоната

ФИА потврди дека нема повеќе да се ротираат директорите на трка за време на Гранд При викендите до крајот на годинава по ревидирањето на инцидентот со кранот кој се појави додека болидите кружеа по Сузука пред две недели.

По трката во Јапонија, ФИА откри дека темелно ќе го истражи опасниот настан откако многумина се пожалија на безбедноста и се присетија на трагичниот крај на Жул Бјанки во 2014 година. Извештајот од истрагата на ФИА беше објавен во Петок и содржеше доста промени кои треба да се имплементираат уште од трката во Остин викендов.

Најголема промена е контролата на трка која ќе ја предводи Нилс Витич на преостанатите трки, откако од почеток на годиата германецот ги делеше обврските со португалецот Едуардо Фреитас.

за останатите трки од оваа сезона, фиа нема да ги ротира директорите на трки. од американското гранд при во тексас, а потоа и трките во мексико, бразил и абу даби, нилс витич ќе биде директор на истите со поддршка од останатите – се вели во соопштението од фиа.

По контроверзниот крај на ланската сезона на трката во Абу Даби, ФИА реши да го отстрани Мајкл Маси и неговата работа да ја додели на многу повеќе луѓе предводени од Витич и Фреитас.

Дополнително, ФИА откри дека по случувањата во Јапонија ќе го користи својот Центра за виртуелна контрола на трките во Женева како поддршка за луѓето на патеката.

Возачите редовно се бунат за неконстантните одлуки на официјалните лица од страна на ФИА поради ротацијата. Џорџ Расел, кој е еден од директорите на Асоцијацијата на Гранд При возачи, во Остин изјави дека возачите сметаат дека ротацијата не е најдобро решение за спортот.

никогаш немаме некој стјуард од претходната трка на следната за да разговараме за одредени одлуки. гери конели е овдека, а беше и во јапонија и ваквите работи треба да продолжат од страна на фиа за да се подобриме – изјави расел.

Директорот за трка од ендјуранс шампионатот, Фреитас, шефуваше со настанот во Сузука и на негова душа оди влегувањето на кранот на патеката. Извештајот на ФИА посочи дека во иднина подобро треба да се алоцираат задачите од страна на раководствата на трките.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ