Нема подиум за Алонсо, неправилно отслужил казна

Фернандо Алонсо ќе почека на својот 100ти Формула 1 подиум во кариерата откако денеска заврши на трето место зад тандемот на Ред Бул, но доби казна од 10 секунди по трката.

Имено, двократниот првак доби 5 секунди уште во првиот круг откако неправилно се наместил во својот стартен бокс, а казната ја отслужи за време на првата промена на гуми, за време на безбедносното возило во 19от круг.

При крајот на трката, стјуардите посочија дека тој неправилно ја отслужил казната, а по 50те предвидени кругови, тоа и го потврдија и му дадоа 10 секунди казна поради тоа што неправилно стоел 5 секунди во место како последица на казната.

Нандо ја заврши трката со 20,7 секунди заостаток зад победникот Перез, а со додадените 10 секунди, неговиот официјален пласман е три десетинки пред Луис Хамилтон на 4то место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ