Нетфликс во гаражата на Мерцедес викендов, чекаат рекордна победа на Луис

Екипата на Нетфликс ќе биде во гаражата на Мерцедес на Руското Гранд При и ќе чекаат нов триумф на Луис Хамилтон и изедначување со 91та победа на Михаел Шумахер.

Годинава се снима 3та сезона на одлично примената Formula 1: Drive to Survive серија на Нетфликс, а тимот на стриминг сервисот секоја трка е во различна гаража од падокот.

Со триумфот на Муџело, Луис дојде на само победа од рекордните 91 на Шумахер.

Мерцедес ги поканија Нетфликс во нивната гаража лани на Хокенхајм за да ја документираат 125та годишнина од нивните моторспорт активности за време на Големата награда на Германија, но тоа беше најлоша трка во последно време за нив откако Хамилтон два пати се изврте пред да се откаже, а Ботас заврши во ограда.

Луис води во шампионатот со 55 поени предност пред својот колега по 9 извозени трки од кои победи на дури 6.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ